Начини да ја подобрите вашата добросостојба

Некои технологии и апликации за здравје не се фокусираат на следењето на вашата физичка состојба, не сепак можат да помогнат со целокупното здравје и добросостојба.

Некои апликации можат да помогнат со вашата општа добросостојба, освен едноставно вежбање и броење на чекори.

  • Апликациите за внимателност и медитација (Mindfulness and meditation apps) помагаат со менталната добросостојба, така што ве водат низ сесии што може да вклучуваат вежби за дишење или начини да го ослободите мозокот од мисли што ви го одвлекуваат вниманието.
  • Апликациите за тренирање на мозокот (Brain training apps) вклучуваат голем број мали загатки и проблеми, слични на старите книги со загатки. Игрите се брзи и можат да ви помогнат да размислувате остро и внимателно ако играте неколку секој ден.
  • Апликациите за исхрана (Diet apps) ви овозможуваат да следите што сте јаделе и кога. Ако треба да јадете оброк или да ги земете апчињата во одредено време, апликацијата поставува аларм на вашиот уред за да ве потсети.
  • Апликациите за ментална добросостојба (Mental wellbeing apps) ви помагаат да добиете пристап до информации и може да ги поставите да ве потсетуваат за какви било програми за ментално здравје што ги следите.

Ако сметате дека можеби имате проблем поврзан со менталното здравје, секогаш најпрво треба да побарате лекарски совет. Исто така, можете да:

  • ја повикате LifeLine на 13 11 14
  • пратите текст кај LifeLine на 0477 13 11 14
  • разговарате онлајн со Lifeline на: https://www.lifeline.org.au/crisis-chat/
Вашето здравје и добросостојба

Како учеството во заедницата може да помогне за добросостојба

Голем број апликации за здравје имаат опција што ве поврзува со пошироката заедница истомисленици кои исто така ја користат истата апликација, за да можете да се чувствувате дека сте дел од група.

  • За некои луѓе чувството дека се дел од група може да биде добар начин да се мотивираат.
  • Можете да контролирате кои податоци се споделуваат.

Некои од апликациите за здравје со одлики за заедницата се:

  • Strava - апликација за трчање и пешачење. Приклучете се или натпреварувајте се со други љубители на рекреацијата во вашата област
  • Fitbit - апликација за фитнес и бренд на уреди. Додадете Пријатели на Fitbit (Fitbit friends) за да се мотивирате меѓусебно
  • Headspace - апликација за внимателност. Додадете Пријатели (Buddies) за да се мотивирате меѓусебно.
На голем број одлики за заедница им треба дозвола за пристап до точната локација на вашиот телефон. Прочитајте ја Изјавата за приватност (privacy statement) на апликацијата за да видите како можете да ја чувате вашата локација приватна и безбедна. Исклучете ја Локацијата (Location) на телефонот во поставките ако сакате да бидете спокојни, но имајте на ум дека некои одлики на апликацијата ќе престанат да функционираат.

Трошоци за користењето технологија што ви помага со здравјето и добросостојбата

Можете да ги преземете и пробате повеќето апликации за здравје бесплатно, но постојат трошоци поврзани со апликациите за здравје:

  • апликациите работаат најдобро со понови модели паметни телефони (од 500$)
  • пакет за мобилни податоци (од 20$/месечно)
  • претплата на целокупните одлики на апликацијата (од 10-15$/месечно)
  • паметен часовник (ако сакате, но тој чини 400$/500$)
  • веб-камера, којашто можеби ќе ви притреба за телемедицина со цена што почнува од 150$
  • уред што ќе го следи вашето спиење ако не сакате да користите паметен часовник, на пример, Google Nest Hub (од 100$).

Сѐ за телемедицина

Телемедицина значи користење на интернетот за да го видите вашиот лекар или за да правите планoви со вашиот давател на здравствени услуги, на пример, за обновување на рецепти за лекови. Нешта што можете да ги правите со телемедицината:

  • видео-конференција (Video conference) со вашиот лекар за брзо проследување на неодамнешна средба
  • да ја посетите интернет-страницата (website) на вашиот давател на здравствени услуги за да закажете средба, да нарачате лекови и друго
  • да пристапите до Мојот здравствен картон (My Health Record) преку my.gov.au и да видите информации за вашата неодамнешна здравствена историја и лекови.

Телемедицината (Telehealth) е многу практична и може да ви заштеди многу време и труд, но сепак, особено е важно да одите на редовна проверка кај вашиот лекар. Секогаш следете ги советите на вашиот лекар кога треба да одите лично.

Интернет-страници за целокупна добросостојба

Можете да го користите прегледувачот на мобилниот уред или на компјутерот за да пристапите до корисни интернет-страници поврзани со вашето здравје.

  • Интернет-страниците за рецепти (Recipe sites) ви овозможуваат да ги планирате оброците и да ги купите состојките што ви требаат, или да направите список за купување намирници.
  • Интернет-страниците на супермаркетите (Supermarket sites) ви овозможуваат да купувате онлајн, но и тие имаат страници со рецепти коишто ви овозможуваат да ги нарачате намирниците со само еден клик.
  • Интернет-страницата на Австралиската влада (Australian Government website) има список со корисни апликации за здравје на www.healthdirect.gov.au/health-and-wellbeing-apps

Што прават апликациите за здравје со вашите податоци

Голем број апликации за здравје користат здравствен профил за да ги следат вашите резултати и податоци.

  • Апликациите за здравје вклучуваат Изјава за приватност (privacy statement) за начинот на кој ги користат вашите информации.
  • Кога користите апликација или интернет-страница за здравје, секогаш треба да употребувате силна лозинка (strong password) која што претставува комбинација од букви, бројки и специјални знаци.
  • Голем број апликации за здравје ги складираат податоците во облакот (cloud). Некои од овие податоци може исто така да им бидат видливи на други корисници на апликацијата.